Одржување и чистење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
За да се овозможи безбедна работа на електричниот алат што е можно подолго, електричниот алат мора да се сервисира по 40000 работни циклуси или најдоцна по 2 години. Кога ќе се надминат 40000 работни циклуси свети приказот за статус (4) постојано во жолто.
Однесете го електричниот алат во овластен Bosch сервисен центар.
Напомена: ако не се придржувате до интервалот за одржување, гаранцијата прекинува да важи.