Промена на алат

Користете само оригинални Bosch HM/TC-секачи за ренде. Секачот за ренде од цврст материјал (HM/TC) има 2 секачи и може да се врти. Доколку двата раба на секачот се тапи, секачот на рендето (17) мора да се замени. HM/TC-секачот на рендето не смее дополнително да се остри.

Демонтирање на секачот на рендето (види слика A)

За вртење или менување на ножот на рендето (17) свртете ја главата на ножот (14), додека не дојде паралелно со подлогата на рендето (10).

➊ Олабавете ги двете завртки за прицврстување (16) со клуч со внатрешна шестаголна глава (13) околу 1−2 вртења.

➋ Доколку е потребно, олабавете го затезниот елемент (15) со лесно удирање со соодветен алат, на пр. дрвен клин.

➌ До едно дрвено парче турнете го странично секачот на рендето (17) од главата на секачот (14).

Монтирање на секачот на рендето (види слика B)

Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се обезбедува еднакво подесување на висината при менувањето одн.вртењето.

Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на секачот во затезниот елемент (15) и секачот на рендето (17). Внимавајте при монтажата на секачот на рендето, дека тој беспрекорно лежи во водилката на прифатот на затезниот елемент (15) и да се центрира рамно на страничниот раб од задната подлога на рендето (10). На крај цврсто затегнете ги 2-те завртки за прицврстување (16) со клуч со внатрешна шестаголна глава (13).

Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали завртките за прицврстување (16) се добро вметнати. Свртете ја главата на секачот (14) со рака и проверете дали секачот на рендето стружи на некое место.