Полнење на магацинот (види слики A1−A2)
- Користете само оригинална Bosch-опрема. Прецизните делови на пневматската хефталка како магацинот, делот за туркање и каналот за пукање се прилагодени на хефт-игличките и клинците на Bosch. Другите производители употребуваат друг квалитет на челик и димензии.
На контролното прозорче на приказот за дополнување (11) проверете дали има уште хефт иглички или клинци.
- Свртете го електричниот алат.
- Притиснете го механизмот за отклучување на муницијата (8) и извлечете го магацинот (9) наназад.
- Вметнете ги лентите со хефт иглички (14) одн. лентите со клинци (15).
При ставањето на лентите со клинци (15) легнете ја пневматската хефталка на косо, за да може да легнат клинците на страничниот ѕид. Внимавајте на ознаката. - Ставете го магацинот (9) назад додека не се вклопи.
- При отворањето, полнењето и затворањето на магацинот не употребувајте сила.