Полнење на магацинот (види слики A1−A3)
- Користете само оригинална Bosch-опрема. Прецизните делови на пневматската хефталка како магацинот, делот за туркање и каналот за пукање се прилагодени на хефт-игличките и клинците на Bosch. Другите производители употребуваат друг квалитет на челик и димензии.
На контролното прозорче на приказот за дополнување (23) проверете дали има уште хефт иглички или клинци.
- Ставете го електричниот алат на рамна површина.
- Притиснете го механизмот за отклучување на муницијата (13) и извлечете го магацинот (12) наназад.
- Вметнете ги лентите со хефт иглички (20) одн. лентите со клинци (21).
Напомена: при вметнувањето клинци или хефт иглици, обрнете внимание на различните позиции на вметнување (видете ги сликите A2–A3). Клинците се поставуваат во магацинот на долниот раб (види слика A2). Хефт иглиците се поставуваат во магацинот на горниот раб (види слика A3). Откако ќе ги ставите клинците или хефт иглиците во магацинот, турнете ги докрај нанапред. Внимавајте на ознаката. - Ставете го магацинот (12) назад додека не се вклопи.
- При отворањето, полнењето и затворањето на магацинот не употребувајте сила.