Совети при работењето
Избегнете испукување во празно, за да избегнете изабување на втиснувачот.
По завршување на работите поставете ја ударната сила на тркалцето за подесување со претходно избирање на ударната сила (7) на пониска вредност, за да ја ослободите затезната пружина.
Внимателно поставувајте го клунот за хефтање (1). Меките делови за обработка (на пр. борово дрво) може да се оштетат доколку се употреби преголем притисок.
Отстранување на блокади
- Отстранете ја батеријата од електричниот алат пред да извршите каква било работа на електричниот алат.
- Редовно полнете го магацинот. Премногу кратка лента со хефт-иглички може да биде причина за заглавување.
Поединечни прицврстувачи може да се заглават во каналот за пукање. Ако тоа се случува често, контактирајте со овластена сервисна служба на Bosch.
- Ставете го електричниот алат на рамна површина.
- Притиснете го механизмот за отклучување на муницијата (13) и извлечете го магацинот (12) наназад.
- Отстранете го заглавениот прицврстувач. По потреба употребете клешти.
- Ставете го магацинот (12) назад додека не се вклопи.
Ако прицврстувачот не може да се отстрани на овој начин, мора да се отвори каналот за пукање (видете ги сликите E1–E2):
- Ослободете го чкрапалото .
- Извадете ја батеријата од електричниот алат.
- Испразнете го магацинот (12).
- Отстранете го заштитното капаче (18).
- Олабавете ги завртките за отворање/затворање на каналот за пукање (3) со помош на клучот со внатрешна шестаголна глава (22) и извадете го капакот на каналот за пукање (2), со лизгање и подигање за да може да се отвори каналот за пукање.
- Отстранете го заглавениот прицврстувач. По потреба употребете клешти.
- Затворете го каналот за пукање, така што ќе го поставите капакот на каналот за пукање (2) и ќе го турнете до крај на куќиштето на електричниот алат.
- Затегнете ги завртките за да го отворите/затворите каналот за пукање (3) со помош на клучот со внатрешна шестаголна глава (22).
- Повторно монтирајте го заштитното капаче (18).
- Повторно наполнете го магацинот (12).
Замена на заштитното капаче (види слика C)
Напомена: работењето без заштитно капаче (18) не е дозволено.
Заштитното капаче (18) може да го замените со капаче за водилка за жици (19).
- Ослободете го чкрапалото (5).
- Исклучете го електричниот алат и извадете ја батеријата (10).
- Извлечете го заштитното капаче (18) од клунот за хефтање (1).
- Прицврстете го капачето за водилка за жици (19) на клунот за хефтање (1).
Електричниот алат сега може повторно да се стави во функција.
Напомена: хефтање со капаче за водилка за жици (види слика D).