Примери за работа (види слики A-F)
Слики со примери за работењето може да најдете на графичките страници.
Растојанието на млазниците до делот што се обработува зависи од материјалот што се обработува (метал, пластика итн.) и наменетиот вид на обработка.
Оптималната температура за односната примена може да се одреди со практичен обид.
Секогаш прво направете тест на количината на воздух и температурата. Секогаш започнувајте со поголемо растојание и понизок степен на јачина. По потреба прилагодете го растојанието и степенот на јачина. Ако треба, движете ја млазницата за да избегнете прекумерно загревање на едно место.
Доколку не сте сигурни каков материјал обработувате или какво е влијанието на топлиот воздух врз материјалот, тогаш тестирајте го влијанието на покриено место.
Во сите примери за работа, освен „Отстранување остатоци од боја од стаклени површини“ може да работите без опрема. Употребата на предложените делови од опремата, сепак, ја поедноставува работата и значително го зголемува квалитетот на резултатот.
За оваа дувалка за топол воздух може да ги користите сите млазници наведени во упатството за употреба, коишто се достапни кај Bosch како опрема.
- Внимание при промена на млазниците! Не ја допирајте врелата млазница. Оставете ја дувалката да се олади и носете ракавици при промената. Можете да се изгорите на жешките млазници.
Не ви треба млазница за отстранување на налепници и етикети. Внимателно отстранете ги налепниците и етикетите со шпакла (види слика A).
Поставете ја плоснатата млазница (10). Накратко омекнете го остатокот од бојата со топол воздух и подигнете го со чиста шпакла (види слика D). Долгото изложување на топлина го согорува остатокот боја и го отежнува отстранувањето.
Многу лепила омекнуваат кога се изложени на топлина. Кога лепилото се загрева, можете да ги одделите спојниците или да го отстраните вишокот лепило.
- Пред загревање, проверете дали всушност се работи за метална цевка што пренесува вода. Металните цевки честопати не може да се разликуваат од гасоводите по надворешниот изглед. Гасоводите не смеат да се загреваат во никој случај.
Поставете ја аголната млазница (12). По можност загревајте ги замрзнатите делови од одводот кон влезот.