Совети при работењето
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
- Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа.
Вклучете го електричниот алат, поставете го со целата површина за брусење на подлогата што се обработува и движете го со благ притисок преку парчето што го обработувате.
Капацитетот на отстранување и шаблонот на брусење се одредуваат според изборот на брусниот лист, нивото на претходно избраниот број на осцилации (само за UniversalOrbit 18V-20) и притисокот на површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот алат и предвремено откажување на брусната плоча.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch брусна опрема.
Поставете брусен лист со фина гранулација.
Со мала варијација на притисокот одн. промена на степенот на број на осцилации може да го намалите бројот на осцилации на брусниот диск, при што се задржува ексцентричното движење.
Движете го електричниот алат со рамномерен притисок кружно по површината или наизменично по должина или попречно на делот што се обработува. Не го накосувајте електричниот алат, за да го избегнете брусењето низ делот што се обработува, на пр. фурнир.
По завршување на работниот процес исклучете го електричниот алат.
За полирање на лакови оштетени од времето или полирање на гребнатини (на пр. акрилно стакло) електричниот алат може да се опреми со соодветните алати за полирање како јагнешко крзно за полирање, филц или сунѓер за полирање (опрема).
При полирањето изберете низок број на осцилации (степен 1 –4), за да избегнете прекумерно загревање на површината.
Доколку сакате да полирате, нанесете ја политурата на помала површина. Средството за полирање нанесете го со соодветен алат за полирање со вкрстени и кружни движења и умерен притисок.
Оставете да се исуши средството за полирање на површината, инаку таа би можела да се оштети. Никогаш не ја изложувајте исполираната површина на директни сончеви зраци.
Редовно чистете ги алатите за полирање, за да обезбедите добри резултати од полирањето. Исперете ги алатите за полирање со благ детергент и топла вода, не користете средства за разредување.
Податоците во приложената табела се препорачани вредности.
Најдобрата комбинација за обработка може да ја одредите со практичен обид.
Примена | Гранулација | Степен на број на осцилации |
|---|---|---|
Стругање на лакирани површини | 180/240 | 2/3 |
Репарирање на лакирани површини | 120/240 | 4/5 |
Отстранување на лакот | 40/60 | 5 |
Меко дрво | 40/240 | 5/6 |
Цврсто дрво | 60/240 | 5/6 |
Фурнир | 180/240 | 2–4 |
Алуминиум | 80/240 | 4/5 |
Челик | 40/240 | 5 |
Отстранување на 'рѓата од челикот | 40/120 | 6 |
не'рѓосувачки челик | 80/240 | 5 |
Камен | 80/240 | 5/6 |