Безбедносни напомени за батериската светилка

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
- Ракувајте внимателно со батериската светилка. Батериската светилка генерира многу топлина и потребна е вентилација од околината. Ако ја покриете батериската светилка, може да се запали или да ги запали предметите околу. Тоа може да доведе до пожар.
- Извадете ја батеријата од батериската светилка при пренесување или складирање. Постои опасност од прегревање и пожар ако ненамерно се притисне прекинувачот на светилката.

Одржувајте минимално растојание на батериската светилка до сите осветлени површини и предмети. Ако нема доволно растојание, осветлените предмети може да се прегреат.
| ВНИМАНИЕ! Не гледајте долго во зракот светлина. Оптичкото зрачење може да им наштети на очите. |
- Не насочувајте го светлосниот зрак кон лица или животни. Светлосниот зрак може да го оштети видот и очите.
- По автоматското исклучување на батериската светилка не притискајте на прекинувачот на светилката. Батеријата може да се оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали батериската светилка е изладена пред повторно да ја вклучите.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
- Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
| Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. |
- Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
- Користете ја батеријата само во производи на производителот или производи на POWER FOR ALL системи. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
| Не ја принесувајте батериската светилка во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетот на батериската светилка создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите и медицинските уреди. |
- Батериската светилка држете ја подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на магнетот, може да дојде до неповратно губење на податоците.
- Не ја поставувајте батериската светилка на плафон со помош на магнетите за прицврстување. Доколку падне, постои опасност од повреда.
- Проверете дали магнетот за прицврстување може стабилно да ја држи батериската светилка. Доколку падне, постои опасност од повреда.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
- Не дозволувајте им на децата да ја користат батериската светилка. Децата може од невнимание да се заслепат себеси или други лица.


