Одржување и чистење
- Извадете ја батеријата од батериската светилка при пренесување или складирање. Постои опасност од прегревање и пожар ако ненамерно се притисне прекинувачот на светилката.
Батериската светилка не мора да се одржува и не содржи делови, што треба да се менуваат или одржуваат.
Исчистете го пластичното стакло на батериската светилка со сува, мека крпа, за да избегнете оштетувања. Не користете средства за чистење или раствори.
Ако изворот на светлина е дефектен, мора да се замени целата батериска светилка.