Ставање во употреба

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (9) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е возможно.

Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (9) налево до крај.

Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (9) на десно до крај.

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10) и држете го притиснат.

LED светилката (8) свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10).

EasyDrill 18V-38:

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (10).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (10) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.

EasyImpact 18V-38:

Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (10).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (10) се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.

EasyDrill 18V-38:

Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3) може да го изберете потребниот вртежен момент во 20 степени. При правилно подесување, алатот што се вметнува ќе се стопира, откако завртката цврсто ќе се заврти во материјалот одн. откако ќе се постигне поставениот вртежен момент. Во позицијата пружината за спојување е деактивирана, на пр. за дупчење.

При одвртување на завртки евентуално може да одберете повисока поставка одн. да поставите на ознаката .

EasyImpact 18V-38:

Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3) може да го изберете потребниот вртежен момент во 20 степени. При правилно подесување, алатот што се вметнува ќе се стопира, откако завртката цврсто ќе се заврти во материјалот одн. откако ќе се постигне поставениот вртежен момент. Во позицијата пружината за спојување е деактивирана, на пр. за дупчење.

При одвртување на завртки евентуално може да одберете повисока поставка одн. да поставите на ознаката .

  • Прекинувачот за избор на брзина (5) може да го активирате во состојба на мирување или додека работи електричниот алат. Сепак тој не смее да се активира при целосно оптоварување или максимален број на вртежи.

Брзина I:

Низок обем на вртежи; за работење со голем дијаметар на дупчење или за навртување.

Брзина II:

Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на дупчење.

EasyDrill 18V-38:

Завртување

Поставете го прстенот во претходно избраниот вртежен момент (3) на саканиот вртежен момент.

Дупчење

Поставете го прстенот за подесување на претходното избирање на вртежен момент (3) на ознаката „Дупчење“.

EasyImpact 18V-38:

Завртување

Поставете го прстенот за подесување на режимот на работа (4) на ознаката „Завртување“.

Поставете го прстенот во претходно избраниот вртежен момент (3) на саканиот вртежен момент. За максимален вртежен момент поставете го прстенот за претходно подесување на режимот на работа (4) на ознаката „Дупчење/Завртување MAX“.

Дупчење

Поставете го прстенот за претходно подесување на режимот на работа (4) на ознаката „Дупчење/Завртување MAX“.

Ударно дупчење

Поставете го прстенот за претходно подесување (4) на ознаката „Ударно дупчење“.

Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10) не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на алатот ќе се фиксира (1).

Ова овозможува навртување на завртки и при испразнета батерија (7) одн. користење на електричниот алат како одвртувач.

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или надминување на дозволената температура на батеријата електрониката го исклучува електричниот алат, додека не се врати во оптималните граници на температура.