Полнење на батеријата
- За полнење користете го препорачаниот USB-мрежен дел или мрежен дел со 5 V и најмалку 1,0 A. Почитувајте го упатството за користење на USB-мрежниот дел.
Препорачан мрежен дел: види поглавје Технички податоци.
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
- Поврзете го електричниот алат со мрежниот напојувач преку USB-кабел.
- Вметнете го приклучокот за мрежа во приклучницата.
Постапката на полнење започнува. Приказот за наполнетост на батеријата свети зелено. Доколку батеријата е целосно наполнета, се гаси приказот за наполнетост на батеријата.
При подолго некористење извадете го електричниот алат од струјното напојување.
Електричниот алат не смее да се користи за време на полнењето.
За време на процесот на полнење се затоплува дршката на електричниот алат. Ова е нормално.
Доколку не го употребувате, извадете го полначот од струја.
Електричниот алат не може да се користи за време на процесот на полнење; тој не е дефектен доколку не функционира за време на процесот на полнење.
- Заштитете го полначот од влага!