Промена на алат

Вметнете го алатот за вметнување до крај во прифатот за алат (3). Алатот за вметнување се задржува во прифатот за алат.

Извлечете го алатот за вметнување од прифатот за алат (3).

Извадете го алатот за вметнување.

Вметнете го додатокот во прифатот за алат (3). Се слуша кога додатокот се вклопува.

Со влечење проверете дали е зацврстен додатокот.

За режимот на работа „ударно дупчење“ додатоците ексцентричен додаток (16) и аголен додаток (17) се недозволени.

Вметнете го алатот за вметнување до крај во додатокот. Алатот за вметнување се задржува во додатокот со помош на магнет.

Со магнетното капаче (15) се стабилизираат завртките.

Прикачете го магнетното капаче (15) на прифатот на алатот (3). Магнетното капаче се вклопува звучно.

Потоа вметнете го битот за завртување (18) во прифатот на алатот (3) и извлечете го магнетното капаче нанапред преку битот за завртување.

Ставете завртка на битот за завртување.

Отворете го додатокот за стезна глава (14) со завртување во правец ➊, додека не се вметне алатот за вметнување. Вметнете го алатот за вметнување.

Чаурата на додатокот на стезната глава (14) свртете ја цврсто со рака во правец ➋. Со тоа, главата за дупчење автоматски се заклучува.

Извадете го прстенот за отклучување (1) од електричниот алат и потоа додатокот од прифатот на алатот (3).

Завртете го додатокот во саканата позиција и потоа повторно вметнете го.

Со влечење проверете дали е зацврстен додатокот.

Извадете го алатот за вметнување.

Извадете го прстенот за отклучување (1) од електричниот алат и извлечете го додатокот од прифатот на алатот (3).

Извадете го алатот за вметнување.

Прикачете го аголниот додаток (17) на прифатот на алатот (3).

Со влечење проверете дали е зацврстен аголниот додаток (17).

Прикачете го додатокот на стезната глава (14) на аголниот додаток (17).

Со влечење проверете дали е зацврстен додатокот на стезната глава (14).