Полнење на USB-надворешни уреди (види слика B)
Со помош на USB-приклучоците на батерискиот адаптер (1) може да го продолжите времетраењето на батеријата на различните USB-уреди што користат акумулаторски батерии, како на пр. мобилни телефони, MP3-плеер или таблет.
- Проверете дали може да се полни Вашиот надворешен USB-уред со USB-приклучок на батерискиот адаптер. Притоа внимавајте на информациите дадени во „Технички податоци“.
- Ставете ја батеријата (4) во адаптерот (1).
- Поврзете го кабелот за полнење на вашиот USB-уред со USB-приклучокот (3) на батерискиот адаптер (1).
Кога батеријата на USB-уредот е целосно наполнета, USB-адаптерот ќе престане да се полни. Штом се побара повторно полнење, USB-адаптерот продолжува да се полни.
За да ја зачувате батеријата на USB-уредот, препорачуваме да го исклучите USB-уредот од USB-адаптерот по полнењето.